Насловна Актуелно Вести Оддадена почит на борците во НОВ

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Оддадена почит на борците во НОВ

Македонскиот народ низ историјата секогаш бил познат по својата непокорливост и желбата за живеење во слободна Македонија.

Со доаѓањето на фашистите на територијата на Македонија, македонскиот народ дојде пред портите на уште една борба за слобода.

Така на 11 Октомври 1941 година во Прилеп борците на Првиот Прилепски партизански одред извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин бил означен почетокот на востанието на македонскиот народ  против бугарскиот окупатор со што започнала четиригодишната крвава Народно Ослободителна Војна, со цел конечно ослободување на земјата.

Како и секоја војна и оваа однела голем број на жртви кои безрезервно се бореле за слободата на татковината.

Во нивна чест градоначалникот на Општина Берово и претставници од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци против германскиот и бугарскиот фашизам  и жртви на фашистичкиот терор во близина на градскиот стадион во Берово.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии