Насловна Актуелно Вести Уредување на централното градско подрачје

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Уредување на централното градско подрачје

Имајќи го предвид фактот дека работењето на Општина Берово треба секогаш да биде транспарентно и отворено за сите граѓани на општината, градоначалникот на Општина Берово во секој момент од неговото работење ја потенцира важноста од информираноста на граѓаните.

 

Во тој контекст, со почнувањето на изградба на втората фаза од плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово кој ќе се протега во потегот од постоечкиот плоштад  до црквата во центарот на Берово, проектот наложува и сечење на дрвата кои се наоѓаат во овој дел од градот.

За донесување на оваа одлука  за сечење на дрвата, Советот на Општина Берово од претходниот мандат има формирано работно тело за процена на состојбите на дрворедот во централното градско подрачје со решение бр.07-226/1 од 15.02.2008 година во состав:

  • Ефтим Брндевски  - претседател
  • Марјан Соколчевски - член
  • Атанас Џорџовски - член
  • Елен Качулачка - член
  • Јане Галевски - член
  • Стојан Гаштеовски - член

Работното тело за процена на состојбите на дрворедот во централното градско подрачје по извршениот увид и врз основа од здравствената состојба на постоечките стебла од дрворедот и предвидената реконструкција, направила записник со предлог до Советот за отстранување на дрвјата.

Овој записник е усвоен од страна на Советот на Општина Берово на седницата која е одржана на 29.02.2008 година, со што од страна на советниците од претходниот мандат е одобрено отсекувањата на дрвата кои се наоѓаат во централното градско подрачје заради проширување на плоштадот „Димитар Беровски“.

Во идејното решение за уредување на централното градско подрачје кое е донесено од советот на Општина Берово од претходниот мандат влегува и отсекувањата на стеблата во овој дел од градот.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии