Насловна Актуелно Вести ОУ ,,Никола Петров – Русински“ продолжува да се модернизира

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

ОУ ,,Никола Петров – Русински“ продолжува да се модернизира

Трендот на постојано подобрување на условите за работа во ОУ ,,Никола Петров – Русински“, започнат минатата учебна година, продолжува и во оваа учебна година.

Училиштето ја започна учебната 2010/11 година со нов покрив на училишната зграда, реконструиран од грантот добиен од УСАИД, со учество на општината и училиштето.

Од Вториот грант од Проектот за ,,Модернизација на образованието“ комплетно е реновирана една просторија со што е овозможено да се направи уште еден кабинет, а училиштето доби и нови нагледни средства и опрема.

Во рамките на проектот на Владата на Р. Македонија ,,Компјутер за секој ученик“, во 6 кабинети во училиштето се инсталирани компјутери, а лап – топ компјутерите на учениците од одделенска настава се користат од минатата учебна година.

По спроведувањето на сите активности од програмата Зелени училишта на УСАИД, а со учество и на општината, сите стари светилки во училиштето се заменети со неонски и штедливи светилки, заменети се старите штекови и прекинувачи и се поставени сензори.

Со тоа  учениците добиваат се подобри услови за учење и за постигнување на целите на основното воспитание и образование.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии