Насловна Актуелно Вести Одбележан 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Одбележан 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба

По повод 23-октомври-Денот на македонската Ревулуционерна Борба (МРО), Градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински,  делегација на Сојузот на борците на Општина Берово, како и делегации на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СПМ положија свежо цвеќе пред споменикот на Никола Петров Русински.

Тој заедно со Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп Ѓорѓиев - Беровски се едни од најзначајните револуционери кои потекнуваат од Малешевијата, со големо влијание и заслуги во борбата за ослободување на Македонија од османлиите.

Македонската Револуционерна организација е основана на 23 октомври 1893 година во Солун од страна на Христо Татарчев, Даме Груев, Иван Хаџи-Николов, Христо Батанџиев, Петар Поп Арсов и Андон Димитров.

На  МРО со право може да и се препише приматот на организацивија кој најмногу допринела за конечното ослободување на Македонија. Според Уставот на МРО Организацијата се борела за автономна Македонија во рамките на Османлиската држава, како преодна фаза кон создавање на македонска држава. За прв пат во македонското опстојување на ниво на Устав, со сите правни постулати за организирање и делување се поставува клаузула за патот по кој треба да оди македонската држава до конечното ослободување. Седиштето на организацијата било во Солун,  но неговата дејност била на целата територија на Македонија, поделена во 5 револуционерни окрузи, на кои инструкции за работа им пристигнувале од Конгресот како највисоко тело на Организацијата. Во рамките на Организацијата постоеле тајна полиција, револуционерни судови за разрешување на споровите меѓу населението ,администрација, тајна пошта, курири и шифра.

Големината на Организацијата се огледува во нејзиниот состав, каде за прв пат доброволно се обединуваат сите националности и вероисповеди што живеат на територијата на Македонија. Таквиот заеднички настап со иста и јасна цел ослободување од  османлиската власт го даде првиот чекор во настанувањето на слободна, независна и автономна Македонија.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии