Насловна Актуелно Вести 16 седница на Советот на Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

16 седница на Советот на Општина Берово

Советот на општината Берово на 28 Октомври ја оджа својата 16 редовна седница во присуство на сите 15 советници.

После усвојувањето на записникот од петнаесеттата седница, советниците преминаа на разгледување на предлог измените и дополнувања на Буџетот на Општина Берово за 2010 година по што беа изгласани измените на Буџетот.

Советниците ги усвоија и предлог – одлуките за прифаќање на иницијативите за отпочнување на постапка за изработка на ЛУПД поднесени од неколку физички и правни лица, по што премина на разгледување и ја усвоја Предлог - одлуката за процена на загрозеност од природните непогоди и други несреќи на Општина Берово, и Предлог - одлуката за донесување на Планот за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи на Општина Берово.

Според дневниот ред на седницата беа усвоени и Предлог – одлуката за усвојување на проекти за рехабилитација и подобрување на водоводни системи во Општина Берово и предлог – одлуката за усвојување на проекти за рехабилитација и подобрување на канализациони системи во Општина Берово  финансисрани од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

Во продолжение на седницата беа усвоени и предлог - решенијата за разрешување и именување на членови на Управните одбори на Здравен Дом - Берово и ЈПКР „Услуга“ - Берово и предлог - решенијата за разрешување и именување членови на Училишен Одбор на ОЈУДГ Детска Градинка „23 Август“ - Берово, ОСУ „Ацо Русковски“ - Берово, ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово и ООУ „Никола Петров Русински“ - Русиново.

На крајот од седницата беа разгледани Барања од граѓани и институции, и советнички иницијативи и прашања.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии