Насловна Актуелно Вести „Отворена недела за идеи“ во Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

„Отворена недела за идеи“ во Општина Берово

Општина Берово продолжува да работи во духот на транспарентноста и отворениот пристап кон граѓаните. Целта е да се обедини прогресивното мислење на сите субјекти во креирањето на развојните политики и буџетот на Општина Берово.

Заедно можеме повеќе да постигнеме во обновата на нашата општина и подобрувањето на квалитетот на живот.

Оваа година граѓаните имаа можност со директно гласање да ги изберат  двата најголеми инфраструктурни проекти кои се реализираа во 2010 година, тоа е реконструкцијата на ул. Маршал Тито и изградбата на втората фаза на плоштадот Димитар Беровски.

Граѓаните на Општина Берово најдобро ги познаваат отворените проблеми  и приоритети за реализација на следните активности на локалната самоуправа.

За таа цел Општина Берово прогласува  „Отворена недела за идеи“.

Од 15 до 19 Ноември во просториите на локалната самоуправа, во општинскиот услужниот центар, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да допринесат во развојот на општината, можат да достават идеи и предлози за реализација на проекти и активности за 2011 година. Сите предлози ќе бидат обработени од стручни работни тела од општинската администрација.

Оваа година на сопствена иницијатива , а по примерот на Форумите во заедницата, кои беа спроведени во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка, Општина Берово организира Буџетски форум на кој граѓаните на ќе имаат можност да предлагаат и избираат проекти кои ќе влезат во Буџетот на Општина Берово за 2011 година.

Форумот ќе се спроведе во две сесија кои ќе се одржи на 22 и 25 Ноември.

Бидете дел од развојот на Општина Берово.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии