Насловна Актуелно Вести Одржан состанок на тимот за меѓуопштинска соработка за проектот „Меѓуопштински развоен центар“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Одржан состанок на тимот за меѓуопштинска соработка за проектот „Меѓуопштински развоен центар“

Во рамките на проектот за формирање на „Меѓуопштински развоен центар” (МРЦ) за микро - регионот Берово, Пехчево, Делчево и Виница” , во просториите на Општина Берово се одржа состанок на градоначалниците на Општина Берово, Пехчево, Виница и Делчево како и членови на тимот за меѓуопштинска соработка од четирите општини.
На почетокот на состанокот согласно дневниот ред, координаторот на проектот даде воведни информации за проектот “Меѓуопштински развоен центар”, за тоа што е планирано, колку е постигнато и хронолошки редослед на активностите предвидени со самиот проект.  Дел од активностите кои веќе се завршени се формирањето на тим за меѓуопштинска соработка, избирањето на асистент на проектот, ангажирање на надворешен експерт за изготвување на модел за меѓуопштинска соработка, реконструкцијата на просторот каде ќе биде сместен центарот, развиена веб страна за промоција на центарот и одржана е една обука за МОС. Во тек се и изготвувањето на промотивни материјали (брошури и банери), опремувањето со софтверска поддршка и сервер на канцелариите за ЛЕР во сите четири општини и Центарот, подготовка на 3 работнилници и формуми во сите општини.

Во врска со втората точка од дневниот ред, координаторот повторно даде информација за работата на експертот Глигор Стојков, кој беше ангажиран за 45 работни дена да изготви модел за меѓуопштинска соработка и да даде компаративна анализа на сите модели кои се прифатливи за овој проект, да подготви статут на центарот, тригодишна програма, едногодишен план за работа и акт за основање на центарот. Спред анализата на експертот, а и според првичната замисла која е поднесена во самата проектна апликација, најприфатлив модел за МОС е здружување на финансиски средства и основање на фондација. По предходни одлуки, градоначалниците на трите општини се согласија моделот на меѓуопштинската соработка да биде фондација, освен градоначалникот на општина Пехчево, кој се изјаснил за Јавно Приватно Партнерство. Но, тој модел е многу специфичен и бара подотовка на Студија за потфат, врз чија основа се органзира ЈПП и се распишува Јавен Повик. По прашање за локацијата на центарот, сите четири градоначалници уште еднаш потврдија дека местоположбата на центарот ќе биде во Берово.

Во однос на идните вработувања во центарот, градоначалникот на Општина Берово предложи да има по еден вработен од секоја општина, и секој вработен ќе дава резултати за својата општина и за целиот микро-регион, со што би се зацврстила меѓуопштинската соработка. Овој предлог го надополни и градоначалникот на општина Пехчево, со изјава дека секоја општина треба да дава поддршка на вработените и со та да се остави место за подоцнежна соработка. Иако донаторите си одат, место за работа има, бидејќи сите повици кои се било од донатори, било од министерства, бараат меѓуопштинската соработка, а овој центар ќе претставува поддршка за сите четири општини. Претставничката од ЕЛС од општина Виница, Даниела Јаковлевска додаде дека од трудот на самите вработени ќе зависи и работењето на центарот. Со добра поддршка од администрацијата, ова ќе биде успешен проект. Ова не е прва соработка на овие општини, соработка постои, само што досега не беше официјализирана. Беше спомнато дека треба да се разјасни дека вработените во ЛЕР нема да ги вршат функциите на вработените во фондацијата, бидејќи тоа ќе биде контрапродуктивно. Подрршката на центарот ќе ја даваат локалните канцеларии.

Дел од овој проект е финансиран од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), и тоа значи дека и по завршувањето на проектот, тие ќе го поддржуваат работењето на фондацијата, и во најдобар начин ќе бидат и лобисти кон сите други донатори. Самата фондација ќе биде лобист за работењето на сите четири општини, бидејќи странските донатори тоа го бараат.

Последната информација за овој работен состанок беше за правната процедура за воспоставување на меѓуопштинска соработка. Координаторот даде информација дека дел од документите веќе се изработени. До сега се изработени: Процена за потребата од воспоставување на МОС, Предлог за воспоставување на МОС, потпишан од градоначалникот на општина Берово, и одлука за утврдување на предлогот за воспоствување на МОС, донесена од Советот на Општина Берово. Одлука за прифаќање на предлогот за МОС, Одлука за формирање на заедничка комисија и Решение за именување на член во заедничката комисија од општина Пехчево и општина Виница, веќе се добиени, и се чека на одлуките од општина Делчево

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии