Насловна Актуелно Вести Изградба на велосипедска патека до црквата „Успение на Пресвета Богородица “

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Изградба на велосипедска патека до црквата „Успение на Пресвета Богородица “

Една од стратешките определби на Општина Берово е развојот на туризамот која се базира на сопствените ресурси и потенцијали како што е карактеристичниот рељеф на старите малешевски планини со благи падини кои отвораат можности за изградба  и експлоатација на велосипедски патеки. За таа цел во тек е постапка за избор на изведувач на велосипедска патека до црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во близина на Берово.

Патеката започнува од месноста каде реката Брегалница навлегува во Берово и води кон црквата и манастирскиот комплекс, која е атрактивно излетничко и туристичко место во општината, и претставува алтернативен пат кој го поврзува градот со локалитетот како културна знаменитост со традиционални и природни вредности. Поминува покрај брегот на реката Брегалница низ терен кој е богат со живопина флора и фауна, терен кој нуди прекрасен поглед кон недопрената природа, можност за одмор и рекреација на туристите и шанса за развој и унапредување на руралниот туризам.

Со изградбата на велосипедската патека во општината ќе се промовира уште еден поинакова начин за пристап и транспорт на туристите кои вистински сакаат да допрат до убавините на природата, и се овозможува место за релаксација на туристите и зголемена туристичка понуда во општината .

Патеката ќе се протега во должина од 750 метри и за истата се обезбедени 2.000.000 денари од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој преку Програма за финансиска подршка на руралниот развој за 2010, Мерка 4 Финансиска подршка на промотивни активности за развој на руралниот туризам.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии