Насловна Актуелно Вести Граѓаните одлучуваат за проект кој ќе се реализира во 2011 година

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Граѓаните одлучуваат за проект кој ќе се реализира во 2011 година

Општина Берово оваа година на сопствена иницијатива, по примерот на Форумите во заедницата, кои беа спроведени во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка, организира Буџетски форум на кој граѓаните ќе имаат можност да предлагаат и изберат проект кој ќе влезе во Буџетот на Општина Берово за 2011 година.

 

„Форумот за поубаво Берово“ ќе се одржи во две форумски сесии на 22 и 25 ноември 2010 година во салата на Општина Берово со почеток во 13 часот,  на кои ќе можат да присуствуваат сите граѓани кои сакаат да придонесат за развојот на Општина Берово и кои сакаат да бидат запознаени со начинот на креирањето на Буџетот на општината, од кој ќе бидат издвоени 3.000.000 денари за реализација на избраниот проект.

На двете форумски сесии присутните граѓани ќе бидат поделени на неколку работни маси од разни области, при што секоја маса ќе има можност да дава предлози за проекти кои би можеле да влезат во буџетот на Општина Берово за 2011 година.

На првата форумска сесија секоја работна маса ќе може да дава предлози за проекти, од кои треба да изберат само 3  кои ќе влезат во фазата на гласање и избор на проект за реализација во 2011 година.

На втората форумска сесија секоја работна маса ќе може да гласа за сите предложени проекти со давање на поени за сите проекти по критериум најмалку поени за проектот за кој работната маса смета дека е од најмала важност за Општина Берово и највеќе поени за проектот за кој работната маса смета дека е најзначаен проект кој би требало да влезе во буџетот на Општина Берово за 2011 година.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии