Насловна Актуелно Вести Берово ја спроведе акцијата Ден на дрвото

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Берово ја спроведе акцијата Ден на дрвото

Трогнати од огромните катастрофални пожари што ја зафатија Македонија во 2006 и 2007 година и соголија големо шумско пространство ,  се наметна идејата за реализирање на проект за масовно засадување  на опустошените подрачја.  За таа цел  Македонија по 6-ти пат ја организира акцијата за пошумување на македонските гори.

Пошумувањето во Берово се изведе на локациите  „Колачински Поток“и на потегот од с.Смојмирово кон с.Будинарци каде се засади дрворед со засадување на јасен и бор. Превозот беше бесплатно организиран  од Берово-Транс-Берово до локациите за пошумување  а садниците беа обезбедени од Шумско стопанство-„Малешево“-Берово.

Во акцијата учество земаа административните работници меѓу кои и градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински,  учениците од ОСУ „Ацо Русковски“-Берово, ООУ „Дедо Иљо Малешевски и граѓани кои ја подржаа оваа акција. Учениците од ООУ Никола Петров Русински - Русиново  и учениците од другите подрачни училишта акцијата ја спроведоа  во атарите на своите населени места.

За акцијата  Ден на дрвото-засади ја својата иднина Градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински потенцираше дека преку пошумувањето го доближуваме нашиот сетилен допир  со иднината- секое дрво е наша иднина.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии