Насловна Актуелно Вести Буџет на Општина Берово за 2011

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Буџет на Општина Берово за 2011

Буџетот на Општина Берово за 2011 година кој беше донесен на последната одржана седница на Советот на Општина Берово во 2010 година, се планира да биде со вкупни приходи од  189.268.000,00 денари

од кои 23.255.000 денари даночни приходи, 9.351.000 денари неданочни приходи, 3.350.000 денари капитални приходи, 115.208.400 приходи од дотации, 24.042.606 трансфери и 14.060.994 денари како приходи од донации, додека вкупните расходи се проектирани на 189.268.000,00 денари од кои 188.868.000 денари од утврдени намени и 400.000 денари за резерви.

Според посебните програми во буџетот, за Програмата за одржување на јавната чистота во општина Берово издвоени се вкупно 1.850.000 денари кои се наменети за одржување на улици и плоштад со метење и миење, одржување на чистота на тротоари , кеј , пазар, паркиралишта, шеталишта и други јавни површини, одршување во зимски услови и   набавка  и поставување на садови за отпадоци и друга опрема што се планираат да бидат обезбедуваат од надоместокот за јавна чистота во општина Берово и донации.

Програмата за локален економски развој на Општина Берово за 2011 година е насочена кон подинамичен и поускладен развој на општината, согласно надлежностите на општината, како и утврдените приоритети за 2011година. Предвидените проекти генерално се групирани во неколку  групи (подпрограми):

Г10 Поддршка на Локалниот економски развој

Г20 Поттикнување на  развојот во туризмот

M- Програми за развој

МБ0 Прекугранична соработка

Предвидените активности во рамките на оваа Програма со вкупна вредност од 12.254.816,00 денари ќе бидат финансирани од Средствата на Буџетот на Општина Берово за 2011 година, како и од страна на домашни и меѓународни институции, организации и фондации.

Со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Берово за 2011 година  се утврдуваат активностите за одржување на јавното осветлување за 2011год., односно се утврдува обемот и динамиката на одржувањето, финансирањето на истите, како и финансирањето на потрошената енергија од јавното осветлување во Општината .

Во текот на 2011 година се предвидува да се постават нови арматури во Берово и населените места, планирана е набавка и вградување на подземен кабел за осветлување на влезот на Берово со должина од  400м, санирање на јавното осветлување на кејот на река Брегалница, поставување на нови столбови на улици (замена на дотраени столбови и проширување на мрежа за улично осветлување во Берово и населени места ),   доизградба на електрична мрежа во населба Ширината и набавка и вградување на нови светлосни тела.

Покрај тоа во текот на 2011 година во Берово се планира да се воведе систем за заштита на електрична енергија преку вградување на нови светлосни тела ( натриумски сијалици ),а 2012 и 2013 година истото да се изврши и по другите населени места во Општина Берово.

Во Програмата за јавно осветлување за 2011 година се предвидени 7.100.000,00денари кои ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Берово.

 

Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Берово за 2008 година е основа по која ќе се врши уредувањето на градежното земјиште и опфаќа:

1.Просторот кој е предмет на уредување и обем на уредување;

2.Обемот и степенот на опремување на градежното земјиште со објекти на основната и секундарната инграструктура;

3.Висина на надоместокот за уредување на градежното земјиште и негова распределба и пресметување на трошоците за уредување на градежното земјиште;

4.Определување на цена за уредување на градежното

5.Динамика на извршување на Програмата

6.Преодни и завршни одредби

7.Трошоци за уредување на градежно земјиште, односно намена на средства по објекти  и области 8.Изворни приходи

Средствата за програмата изнесуваат 36.580.000,00 ден., а ќе се обезбедат  од сопствено учество на Општина Берово 7.200.000,00 ден., и средства од повисоко ниво на власт меѓу кои  Министерство за транспорт и врски со 3.500.000,00, Министерство за животна средина и просторно планирање со 4.500.000,00, Фонд за води 3.500.000,00, Источно плански регион 4.000.000,00 и очекувани Донации  од 13.880.000,00.

Во Програмата За изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во Општина Берово во 2011 година во зависност од средствата со кои располага општината и  приливот на финансиски средства од Буџетот и Фондовите на Републиката се планирани следните активности:

Изградба, доизградба, реконструкција и санирање на улици во Општина Берово меѓу кои изградба на улици во населба”Ширината”, изградба на пешачка патека од ул.”Задарска” до кеј на река Брегалница, изградба на ул.„4 Нова“(Кускинци), изградба на улици во населба”Којова ливада”,   изградба на пешачка патека за спој на ул.”Маршал Тито” и ул.”Страшо Пинџур”,                                изградба на улици во с.Будинарци, изградба на улици во с.Владимирово, ул.”Балканска,                                              ул.”Братство и единство”,  ул.”Прохор Пчински”, спојка на ул.”Балканска “ и ул.”Братство и единство, спојка на ул.„Моша Пијаде“ и ул.„М.Тито – Мрс, изградба на ул.„Леонид Пецовски“ , ул.”Сремска”, ул.”Бел камен”,  ул.”Пиринска”, изградба на дел од ул.”29 Ноември” и спојка со ул”Илинденска”, ул.„Ленинова“, ул.„15ти Корпус“, пристапна улица на ул.„23ти Август“,                 доизградба и санирање на улици во селските населби, реконструкција и санирање на ул.„1ви Мај“ и доизградба,   дел од ул.„Илинденска“ и дел од ул.„Димитар Влахов.

Покрај овие активности планирана е и Изградба, реконструкција и санирање на локални патишта меѓу кои реконструкција и санирање на локален пат Ѓердо - с.Русиново, реконструкција и санирање на локален пат Студенец – с.Двориште,  реконструкција и санирање на локален пат  с.Мачево – с.Владимирово, изградба на локален пат „Ловен дом – Тур.населба Абланица“, реконструкција и санирање на локален пат Три реки – с.Ратево, доизградба на локален пат ”Абланица”- “Конар”, санирање и тампонирање на локален пат Граничен премин – Сосна, санирање и тампонирање на локален пат с.Ратево – Туртела - Двориште, санирање и тампонирање на локален пат Берово – Рудник – Петлец, санирање и тампонирање на локален пат с.Русиново –населба Безгаштово.

Во програмата исто така се опфатени и  одржување и заштита на локални патишта и улици, зимско   одржување и регулирање на режимот на сообраќајот, изработка на проекти и елаборати,               набавка и изградба на сообраќајна сигнализација и експропријација на земјиште.

За реализација на оваа програма се предвидени вкупно 65.185.804 денари од кои 16.809.804 денари од сопствено учевство и 48.376.000 денари од други извори на финансирање и донации.

Програмата за изработка на урбанистички планови за 2011 година на подрачјето на Општина Берово опфаќа  измена  и  дополнување  на  Гнералениот  урбанистички  план  на Берово, ревизија, измена и изработка на Детален Урбанистички план на Берово, донесување  на  Урбанистичка  документација  за село  Владимирово, Русиново, Ратево и Двориште, донесување  на  Урбанистичка  документација  вон  населено  место - за туристичка населба „Абланица“, Граничен премин со Р.Бугарија и за стопански комплекси на државно или приватно земјиште, од интерес на општината или јавен интерес, надвор од урбанистичките опфати на градот и населените места во Општина Берово (за Локална Планска Документација).

Финансирањето  на  урбанистичките  планови  го  врши  Општината  Берово, од средства предвидени со Буџетот на Општината кои изнесуваат 3.633.425,00 денари.

Општина Берово изготви годишна Програма за развој на спортот и спортско рекреативните активности на граѓаните за 2011 год. која се базира  на законот за локална самоуправа, и законот за спорт, член 22-а  од законот за измени и дополнување на законот за спорт со кое Општината ќе биде главен иницијатор и организатор на активностите од областа на спортот и спортско рекреативните активности кои се случуваат во Општината.

За реализација на програмата ќе се обезбедат финансиски средства во висина од 150.000,00 денари.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии