Насловна Актуелно Вести Превентивна активност за заштита од шумски пожари

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Превентивна активност за заштита од шумски пожари

Превенцијата одсекогаш имала значајна улога во заштитата и делувањето во разни полиња од човечкото живеење, заради што е потребно постојано да се одржуваат вакви превентивни активности.

Токму ваквите превентивни делувања се дел и од работата на Противпожарниот сојуз на Македонија, кој во соработка со Владата на Република Македонија и Дирекцијата за заштита и спасување, на 21 мај со почеток во 12 часот во сите градови во Македонија вклучувајќи го и Берово, на плоштадот „Димитар Беровски“ организираа настан за превенција од шумски пожари под мотот „Да ги заштитиме нашите шуми од пожари!“

На настанот во кој учествуваа сите институции кои имаат допирни точки со заштитата и спасувањето, како и учениците од ОСУ„Ацо Русковски“ - Берово, беа делени флаери на кои главна содржина е мерки  како да се заштити шумата од пожар и како да постапуваме при откривањето на шумски пожари.

Покрај тоа, од страна на командирот на ТППЕ Берово, се изврши и вежба - презентација за користење на компресиона пушка со два резервоара од вода и воздух,  која водата ја претвора во водена магла и најчесто се користи за гасење на пожари во затворени простории и истата е доста ефективна во гасењето.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии