Насловна Актуелно Вести Преку проект од НВО од Белгија ќе се подобрува инфраструктурата во Ромското маало во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Преку проект од НВО од Белгија ќе се подобрува инфраструктурата во Ромското маало во Берово

Како дел од проектот „Migration of Roma from Eastern European countries and Balkan“, кој го реализира Белгиската Невладина организација “Madam Fortuna”, во општина Берово се одржа состанок помеѓу градоначалникот на Општина Берово и претставници од Невладината организација меѓу кои и координаторот Sait Sehersijan.

Целта на состанокот беше накратко запознавање со профилот на Ромската заедница во општина Берово и проблемите со кои истата се соочува.

Од страна на градоначалникот беше кажано дека Ромите во општина Берово се доста вклопени во животот на заедницата и за разлика од другите општини, во Општина Берово Ромите се дружат со Македонците без никаква дискриминација, што и самите гости го почуствувале во текот на престојот во Берово, учениците може да се каже дека 100 процентно се вклучени во образовниот процес а и има и доста Роми кои се вработени.

На крајот на состанокот гостите го образложија и самиот проект кој ќе се спроведе во неколку Балкански држави меѓу кои и во Македонија, каде од самиот проект се очекува да се реализираат активности за подобрување на инфраструктурни објекти  и во општина Берово, што секако ќе доведе до позитивни резултати во животот на самата Ромска заедница во Ромското маало во Берово.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии