Насловна Актуелно Вести Градоначалникот на Струмица подржува иницијативи кои не се реализираат

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Градоначалникот на Струмица подржува иницијативи кои не се реализираат

Идејата бара рализација, а реализацијата е реалноста која ја гледа секој човек. Сепак дали реализацијата е само фиктивност којашто ја даваат некои луѓе е прашање кое е тешко да се одговори но лесно да се увиди.

 

Ваква фиктивна реализација “извршија“ и иницијаторите за чистење на комунален смет во туристичката населба Суви Лаки, кои со подршка на градоначалникот на Општина Струмица г-дин Зоран Заев и ученици од ОСУ „Јане Сандански“ од Струмица, не ја извршија оваа акција и покрај тоа што преку нивната иницијатива бараа и се разбира добија подршка и од градоначалникот на Општина Берово г-дин Драги Наџински и ЈПКР „Услуга“ од Берово.

Сепак реализацијата да биде таква каква што е, во закажаниот термин во недела 27 мај 2012 година, со почеток во 10 часот во туристичката населба Суви Лаки присутни беа само градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински, заедно со неколку претставници од општина Берово и работници од ЈПКР „Услуга“ од Берово и камионот за собирање на отпадоците кои го бараа организаторите од кои немаше никаква трага.

Во случаен разговор со член на Здружението кое го организираше настанот, се дојде до заклучок дека истиот е откажан поради неповолните временски услови, меѓутоа организаторите најверојатно поради временските ограничувања или ангажмани од типот „Во Струмица на улица“ неможеле да вратат повратен одговор до Општина Берово и ЈПКР „Услуга“ Берово дека настанот се одложува за некое друго време, иако ова можело да се изврши и преку обичен телефонски разговор.

Сепак, за целта да не биде целосно промашена, работниците на ЈПКР „Услуга“ извршија собирање на отпадоците околу чешмата на планинскиот премин „Преведена“, а градоначалникот на општина Берово го замоли членот на Здружението кое ја даде иницијативата, на 3ти јуни кога граѓаните на Струмица ќе излезат на улица, да не го губат времете по улиците, т.е. да бидат поканети да се реализира иницијативата подржана од нивниот градоначалник.

Во спротивно, ако вака продолжи да ги подржува граѓанските иницијативи, г-динот Заев одамна ги испуштил граѓаните во провалија, зашто секогаш тој го барал обратното - граѓаните него да го подржуваат.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии