Насловна Актуелно Вести Градоначалникот на средба со жителите на с.Будинарци

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Градоначалникот на средба со жителите на с.Будинарци

Градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински, со цел постојана комуникација со жителите на општината оствари средба со жителите на с.Будинарци на која се разговараше за проблемите со кои се соочува населението од ова село.

 

Будинарци е населба во која по градежните активности за асфалтирање на улици, кои беа преземени во минатата година, речиси сите улици се асфалтирани а во текот на идниот период константно ќе се продолжи во подобрувањето на патната мрежа.

Покрај улиците деновиве се поставени и 4 рефлектори на сите страни од спортското игралиште во кругот на Подрачното училиште во ова село, со што се дава голем приоритет на спортувањето и развивање на спортскиот дух кај младите жители на Будинарци.

Во тек е и изградбата на пешачка патека покрај регионалниот пат Берово - Виница, која ќе го спојува влезот на Будинарци со подрачното училиште што ќе допринесе за поголема безбедност во движењето на учениците.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии