Насловна Актуелно Вести Доделени медалите за најдобрите во радиоориентационото првенство во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Доделени медалите за најдобрите во радиоориентационото првенство во Берово

Со завршувањето на натпреварите од Меѓународното ARDF првенство кое се одржа на 26 и 27 мај во Берово, на кое учествуваа претставници од Македонија, Бугарија и Србија, во Хотел Манастир во Берово од страна на градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински беа доделени дипломите и медалите за освоените места на натпреварите.

Првенството коешто е во организација на Спортскиот радиоориентационен клуб „Младост“ од Скопје,  Народна техника - Берово и со подршка од Општина Берово, се одвиваше на терените околу Беровско езеро каде натпреварувачите ги наоѓаа скриените аматерски радио-станици поставени од самите организатори.

Натпреварувањето се одвиваше во неколку категории во машка и во женска конкуренција до 14, 16, 19, 21, над 21 година, мажи над 40 години и пензиоенери и пред се беше организирано заради развивање на љубовта на младите кон овој спорт кој бара доста снаодливост и се разбира издржливот бидејќи пред се брзината на наоѓање на на самите станици води кон посакуваните резултати.

Благодарница и медал доби и најмалиот учесник на натпреварот кој има само 2 ипол години чиј татко и дедо се активни учесници во овие натпреварувања.

Покрај натпреварувачите, медал и Благодарница  за посебен допринос во организацијата и реализацијата на натпреварот доби и градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински, кои му ги предаде претседателот на радиоориентационен клуб „Младост“ од Скопје и организатор на натпреварот Ѓорѓе Лазаревски.

Општина Берово на овој натпревар учествуваше со двајца ученици кои освоија медали а тоа беа Александар Муртовски и Иван Поповски од Берово.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии