Насловна Актуелно Вести Координативен состанок во рамки на проект за намалување на кривични дела од малоленици

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Координативен состанок во рамки на проект за намалување на кривични дела од малоленици

Во просториите на општина Берово беше одржан состанок на претставници од Локалната самоуправа, Полициската станица од општа надлежност - Берово, Центарот за труд и социјална работа и Невладини организации од Берово.

Предмет на состанокот беше подготовка на проект „Поголема безбедност за сите“, чија општа цел ќе биде подобрување на безбедносната состојба, намалување на кривичните дела сторени од страна на малолетни лица, како и подобрување на комуникацијата, довербата и соработката. Целната група која ќе биде опфатена со проектот се малолетните лица од Ромската заедница. Преку проектот се планирани трибини во урбаните и руралните заедници, како и медиумска кампања.
Показатели за успешноста на проектот ќе бидат статистичките податоци од извештаите за јавен ред и мир од страна на Полициската станица од општа надлежност во општина Берово. Партнери на овој проект се Невладините организации од Ромската заедница, Центарот за социјални работи и Локалната самоуправа.

Конкретните цели на проектот се да се намали деликвенцијата кај младите и правилно насочување на младите, затоа што статистичките податоци покажуваат бројка на извршени кривични дела која што не е голема и алармантна, но сепак е застапена и од страна на лицата од Ромската заедница.
Најчести кривични дела од нивна страна се кражба и тешка кражба, карање, викање, непристојно однесување, физички напади, како и нарушување на јавниот ред и мир. Се разбира, процентуалната застапеност во извршувањето на кривичните дела не е само од Ромите од општина Берово, туку поголема е бројката на лица сторители на кривични дела од жителите Роми на општина Пехчево, а посебно од с.Црник.
Основна задача на овој проект е превентивно делување кај младите и кај возрасните лица во насока на превенција. Малолетните деликвенти ќе се третираат со примање на мерки за помош и заштита и со едукативни разговори.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии