Насловна Актуелно Вести Американскиот амбасадор во Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Американскиот амбасадор во Општина Берово

photo0061

Американскиот амбасадор Г-дин Пол Д. Волерс денеска оствари работна посета кај Градоначалникот на Општина Берово Г-дин Драги Наџински.

На средбата која што беше од работен карактер, Градоначалникот најпрвин му се заблагодари на амбасадорот за посетата на Општина Берово, како и за сите досега реализирани проекти преку УСАИД програмата.
Градоначалникот Драги Наџински исто така го запозна амбасадорот со личната карта на Општина Берово, со економската состојба и можности во Општината и со стратешките приоритети кои како Локална Самоуправа се поставени за во иднина како да се развива Општината.
На работната средба амбасадорот беше запознаен и со нефункционирањето на граничниот премин Клепало, помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, за кој Градоначалникот рече дека можеби досега не е отворен од технички причини поради неизградениот пат Струмјани-Клепало, но во последно време се мисли дека има и политички бариери диктирани на Владата на Република Бугарија кои не дозволуваат да профункционира граничниот премин.
Се разговараше и за политичките состојби на Република Македонија по самитот на НАТО алијансата во Чикаго, каде што Градоначалникот го произнесе мислењето на граѓаните и на Општината дека сите го чекаат денот кога ќе бидат надминати наметнатите ирелевантни проблеми од нашиот јужен сосед и Република Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО. Г-н Волерс кажа дека тоа е и заложба на САД и дека заеднички ќе се обидат што побрзо да биде надминат тој проблем.
Беше упатена покана од страна на Г-н Волерс до Градоначалникот да ја посети Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, да се разгледаат можностите за аплицирање на проекти кои финансиски ќе бидат поддржани од страна на Американската Амбасада. Градоначалникот се заблагодари на поканата и вети дека посетата ќе се реализира набргу, и дека тогаш ќе бидат поднесени и проектите од страна на Општина Берово.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии