Насловна Актуелно Вести СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИЈА-СИТЕ ЗА ЗЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИЈА-СИТЕ ЗА ЗЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА

Според заклучокот бр.41-2060/1 од 51 седница на Владата на Република Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за млади и спорт ја спроведоа кампањата „Сите во акција за Зелена Македонија-2012“

како дел од проектот „Чиста околина“. Ова беше воедно и трета по ред акција која што се спроведе на 05 јуни, во вторникот по повод Светскиот ден на животната средина.

 

Во Општина Берово акцијата беше спроведена на Беровско Езеро, преку чистење на крајбрежјето на вештачката акумулација. Во акцијата беа вклучени претставници од Локалната Самоуправа на Општина Берово, ангажирани беа ученици од Средното Општинско Училиште „Ацо Русковски“ и исто така беше ангажирано и Јавното Претпријатие за Комунални Работи „Услуга“-Берово. Превозот беше обезбеден до соодветната локација.

Општина Берово може да се пофали со активно учество во оваа и во многу други акции.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии