Насловна Актуелно Вести Завршува учебната година за средношколците и основците

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Завршува учебната година за средношколците и основците

Последното училишно звоно заѕвони денеска за нашите ученици од Средното Општинско Училиште „Ацо Русковски“ и од Основното Општинско Училиште „Дедо Иљо Малешевски“.

Радоста на учениците беше преголема, посебно за оние кои се четврт матуранти и полуматуранти.

 

На плоштадот имаа организирано музика и прослава на последниот училишен ден, а воедно и на својата матура. За последен ден од оваа учебна година седнаа во своите училници и своите училишни клупи со наставниците и професорите, несебично споделувајќи ја меѓусебно радоста за распустот. Денешниот ден целосно го посветија на крајот на учебната година, оставајќи ги зад себе напорните денови кога ги тестираа или кога го повторуваа материјалот за учење. Пред нив е летото, кое сите со огромен елан и ентузијазам веќе планираат каде ќе го поминат, или веќе испланирале. Останува максимално да го искористат распустот за одмор и рекреација, се до почетокот на следната учебна година, кога во септември повторно ќе се соберат во училиштата заедно со своите соученици и  наставници и професори.

Децата се прекрасни. Знаат да се дружат, да ја споделат радоста но и тагата која исто така беше видлива во нивните очи. Секоја генерација остава посебен белег, а овие деца покажаа дека имаат и натпреварувачки дух. Имајте убав распуст ученици. Среќна полу матура и четврт матура на нашите основци, Ви посакуваме се најубаво и само успеси понатаму, не само на основците, туку и на нашите средношколци.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии