Насловна Актуелно Вести Обуки за социјална инклузија на локално ниво

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Обуки за социјална инклузија на локално ниво

Во општинската зграда на Општина Штип се одржа претпоследната обука за Зајакнување на релевантните актери за социјална инклузија на локално ниво.

Обучувач е Ристо Карајков, помлад експерт. Во овие обуки се вклучени 150 лица, распоредени во 5 групи од по 30 лица во 5 градови: Скопје, Гостивар, Битола, Куманово и Штип.

 

Ова е 5-дневна обука поддржана од Европската Унија, за секој учесник на 3 теми:

1.Проекти за социјална инклузија-1 ден

2.Вовед во управувањето со проектен циклус (УПЦ/РСМ)-Финансиско управување со проект-3 дена

3.Проекти за вработливост на групи со хендикеп-1-ден

Сите обуки се вршат по еден ден во неделата, со тоа што последниот ден е во септември, кога воедно учeсниците ќе добијат сертификати за завршувањето на обуката. Оваа обука е од интерактивен карактер со тоа што освен теорија за примери и студии на случаи кои се во фокусот на методите за обука, има и пленарни дискусии и работење во мали групи. На оваа обука се претставуваат најдобрите ЕУ и локални практики. Обуките исто така се евалуираат како на ниво на лице така и на ниво на мала група.

Цели на оваа обука се да се подобрат вештините за пишување на ИПА проекти и да се совладаат основните концепти кои се користат во ИПА проектна апликација. Учесниците се воведуваат во проектниот циклус, во проектната структура, потоа продолжуваат со работа на одржливоста и анализата на ризикот и финансиски менаџмент на проекти. Исто така ќе се прави и анализа на Упатството за отворен повик на ИПА и ќе се работи на формуларот за апликација на ИПА.

Оваа обука за управување со проектен циклус се обидува да ги зајакне овие вештини и компетенции со обука заснована на интензивна и практична работа со конкретни примери за најновите алатки и методи за управување со проектен циклус. Обуката ќе се насочи за практики засновани на примери за градење на успешни партнерства и развивање на иновативен концепт за балансиран и реален проект.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии