Насловна Актуелно Вести АКАДЕМИЈА ЗА ЛИДЕРСТВО-МАКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

АКАДЕМИЈА ЗА ЛИДЕРСТВО-МАКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА

Меѓународната фондација Балкан Нет (БН) и Националната Асоцијација на Општинските Службеници во Бугарија (NAMCB), со поддршка на Советот на Европа и Фондацијата за спроведување на проектот Hanns Seidel спроведуваат проект Академија за лидерство 2012.

Првата фаза од проектот беше одржана во Охрид, од 01.04.-04.04.2012, на која беа присутни 25 членови на Македонските Општини и организации од кои 16 беа Градоначалници. Целната група на проектот се општини од Република Бугарија и Република Македонија со нивни претставници од различни сектори на локалните власти.

Главната цел на Академијата за лидерство е да се зголеми соработката помеѓу Македонските и Бугарските Општини во оценувањето на нивните предности и слабости и во изнаоѓање на начин за подобро и ефективно лидерство. Учедниците беа воведени во праксата на модерниот лидерски однос со нивните Општини.

Без разлика на тоа колку тешко може да изгледа имплементацијата на ова модерно раководство и учењето на новите практики, Академијата за лидерство 2012 нуди наменски и ефективни предавања и вежби од страна на тим тренери и експерти кои го поседуваат потребното искуство и умешност, практични знаења и се длабоко инволвирани во раководењето. Тимот е составен од:

-Г-дин Џон Џексон - предавач на Советот на Европа за раководството на програмата

-Г-дин Здравко Попов - дипломат, поранешен амбасадор на Бугарија во Република Чешка (2006-2011), а во моментов претседател на Советодавниот одбор на Агенцијата за балканските инвестициони советувањa и генерален менаџер за односи со јавност и менаџмент

-Г-дин Станимир Кискинов - експерт од NAMCB (Национална Асоцијација на Општинските Службеници во Бугарија)

-Г-дин Валентин Лазаров - Претседател на NAMCB

Втората фаза од проектот се одржа во Република Бугарија, во Сончев Берг од 02.06-05.06.2012 година. Учесниците презентираа привремени извештаи за нивната задача, оценувајќи ги предностите и слабостите на својата општина наспроти една од надлежностите на одредницата за лидерството. Спроведени беа детални размислувања и практики на современото лидерство. Наведени беа важните точки од работилницата, како што се вредности на модерната локална самоуправа, принципите на модерен лидерски пристап, личната лидерска ориентираност, работењето во партнерство со други организации, модерна лидерска култура, како и стратешки мислења и дејствувања. Презентирани беа новите пристапи кон локалната самоуправа, примената на лидерството во истата, а личните задачи беа пренесени преку подложување на резултатите на рецензија пред стручниот тим од експерти. Учесниците можеа да научат како да се модернизира општината преку зајакнување на нејзината организациска интеграција и кохерентност и како да се подобри нејзината ефикасност и ефективност.

Третата и завршна сесија на Академијата за лидерство 2012 ќе биде одржана во Софија, Република Бугарија, во месец септември. За тогаш е планирано учесниците да се воведат кон понатамошни размислувања и кон праксата на модерното лидерство ставено во релација со своите општини. Посебно ќе бидат разгледувани личните лидерски пристапи, користењето на иновации за реализација на промени, управувањето со конфликти, разбирањето на барањата за лидерство при меѓуопштинска соработка, користењето на модерен пристап кон човечките ресурси, користење на одговорноста и лидерството преку емоционалната интелигенција, а исто така учесниците ќе имаат можност за оценување на реалните општински предизвици со кои се соочуваат. Важни поенти на наученото на оваа Академија се: значењето и вредностите на современото лидерство, традиционалната употреба на авторитетот, вежби за самопроценка и одредници за лидерство, разбирање и на другите перспективи, современа култура на лидерството, пристапи кон стратешки размислувања и делувања, создавање на динамична организација, олеснување-како силна страна на лидерството, развивање на стратегија за комуникација, стилови на лидерство и управување со учинокот. Учесниците во последната фаза ќе бидат запознаени со лидерските вештини во развојот на меѓуопштинската соработка и лидерските вештини потребни за зајакнување на перформансите на персоналот, како и зајакнување на локалната одговорност која секако ќе даде подобри перформанси.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии