Насловна Актуелно Вести ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ- ПРОЕКТИ ФОНД ЗА МИКРО–ПРОЕКТИ 2012

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ- ПРОЕКТИ ФОНД ЗА МИКРО–ПРОЕКТИ 2012

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ- ПРОЕКТИ

ФОНД ЗА МИКРО–ПРОЕКТИ 2012

Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман„ – Истражувачка асоцијација (БИМ-ФВ) е основан како дел од Универзитетот во Виена со примарна цел за спроведување независни истражувачки активности во полето на човековите права, обуки и советувања.


ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ- ПРОЕКТИ

ФОНД ЗА МИКРО–ПРОЕКТИ 2012

Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман„ – Истражувачка асоцијација (БИМ-ФВ) е основан како дел од Универзитетот во Виена со примарна цел за спроведување независни истражувачки активности во полето на човековите права, обуки и советувања.

 

Главен фокус на активностите на БИМ-ФВ во Македонија е спроведување на проектот „Социјална инклузија и човековите права во Македонија„ во согласност со пристапот заснован на човекови права (ПЗЧП). Овој проект се спорведува во тесна соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија (МТСП) и одбраните партнерски општини, а истиот е финансиран од Австриската агенција за развој (АДЦ). Основна цел на проектот е поддршка на пристапот заснован на човековите права во намалувањето на сиромаштијата и социјалната исклученост преку негово спроведување во процесот на креирање на стратегиите за социјална инклузија и социјална заштита на локално ниво.

 

На национално ниво, во рамките на проектот Социјална инклузија и човековите права во Македонија, БИМ-ФВ активно ја поддржува Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) во нејзините заложби за афирмирање и промовирање на политиките на ЕУ, како и политиките на РМ, насочени  против сиромаштијата, социјалната исклученост и дискриминацијата.

I. Главна цел на Фондот за микро-проекти на БИМ-ФВ

Согласно расположливите финансиски средства, БИМ-ФВ во текот на 2012 година ќе поддржи неколку организации кои ќе предложат најдобра програма во насока на намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост на социјално ранливите и маргинализирани групи на граѓани.

 

 

 

 

 

II. Приоритетни области за кои можат да се поднесат предлог - проекти

Со цел да обезбеди правилна распределба на овие средства следните области се утврдени како приоритетни за кои можат да се поднесат предлог – проекти:

 

  • Институционално јакнење на НВО-и во активностите насочени кон застапување и лобирање за ефективно спроведување на домашните и меѓународни стандарди за човекови права;
  • Промовирање на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи на граѓани;
  • Поддршка на иницијативите за остварување приход на локално или регионално ниво;
  • Промовирање и спроведување на концептот за социјална инклузија;
  • Обезбедување одржлив локален развој и социјална кохезија;
  • Подобрување на квалитетот на услугите кои јавните институции ги нудат на социјално ранливите и маргинализирани групи на граѓани;
  • Унапредување на набљудувањето на кршењата на човековите права и подигање на свеста кај општата јавност преку образовни активности, обуки и јавни кампањи;
  • Набљудување на спроведувањето на пристапот заснован на човекови права на локално или регионално ниво.
  • Да го имаат предвид и да го вклучат родовиот и аспектот на заштита на животната околина.

 

Секоја од овие области, согласно резултатите кои произлегоа од работата на локалните партнерски групи (ЛПГ) во текот на обуките организирани од БИМ-ФВ во секоја од партнерските општини поединечно (види табела во анекс), беше утврдена како приоритетна за унапредување на човековите права на социјално ранливите и маргинализирани групи на граѓани и целокупниот пристап заснован на човекови права воопшто. И додека кандидатите можат да формулираат сопствени приоритети, секој предлог-проект мора да се однесува на една или неколку од горенаведените приоритетни области. Опфатот на приоритетните области кои ги предвидува предлог-проектот ќе биде еден од основните критериуми за избор.

 

 

 

 

 

III. KOJ MOЖЕ ДА ПОДНЕСЕ ПРЕДЛОГ - ПРОЕКТ?

1. За да можат да поднесат предлог-проект, кандидатите мора да ги исполнуваат следните критериуми и услови:

  • Да бидат непрофитни односно невладини организации (НВО-и).
  • Да бидат регистрирани и заедно со предлог-проектот да достават фотокопија од Решение за упис во Централен регистар на Република Македонија и жиро сметка.
  • Да достават Потврда од Управа за јавни приходи за платени даноци.
  • Да обезбедат фотокопија од статут и програма за работа или деловен план на активности.
  • Да имаат најмалку една година работно искуство и капацитет за управување со проектните активности предложени во предлог-проектот со кој се бараат средства од Фондот за микро-проекти на БИМ-ФВ.

2. Колку предлог-проекти може да поднесе еден кандидат?

  • Секој кандидат може да поднесе само еден предлог-проект кој се однесува на една или повеќе од следните општини: Студеничани, Чашка, Радовиш, Конче, Неготино, Берово, Пехчево. Се охрабруваат заинтересираните НВОи да аплицираат со еден предлог проект кој ќе таргетира повеќе од вклучените општини.
  • Кандидатот не може да поднесе предлог-проект кој е веќе финасиран од страна на друг донатор, освен доколку не се работи за дополнителни активности кои се во согласност со утврдените приоритети на БИМ-ФВ, а спроведувањето на истите не е покриено со средства од другиот донатор.
  • Ако предлог-проектот е поднесен до друг донатор а сеуште не е одобрен, истото мора да биде забележано во апликацијата.

 

3. Кој може да биде партнер?

  • Кандидатот може да поднесе предлог-проект индивидуално или во соработка со партнерска организација или деловен субјект.
  • Партнерската организација која ќе учествува во спроведувањето на проектот мора да ги исполнува истите критериуми и услови како и организацијата-носител на проектот.

 

 

4. Кој не може да биде партнер?

  • Правни или физички лица кои покрај тоа што даваат определен придонес во остварувањето на одредени проектни активности, сепак имаат статус на т.н. придружно лице (нпр. консултантски фирми, странски меѓународни организации кои нудат експертски услуги или вршат експертска анализа, единици на локалната самоуправа, подрачни единици на релевантните министерства, други државни орани и јавни институции);
  • Овие лица, со исклучок на дневници и/или патни трошоци кои би можеле да произлезат  во текот на остварувањето на одредени проектни активности, немаат право да бидат финасирани од средствата одобрени од Фондот за микро-проекти на БИМ-ФВ. Истите не се обврзани да ги исполнуваат критериумите и условите кои се бараат за организацијата-носител и партнерската организација во проектот.

 

5. Времетрање на проектните активности

Предвидените проектни активности мора да бидат спроведени најдоцна во рок од 3 месеци сметано од денот на одобрувањето односно префрлувањето на средствата од Фондот за микро-проекти на БИМ-ФВ. Истите мора да бидат спроведени во периодот од 05.07.2012 до 30.09.2012 година, исклучиво на територијата на една или повеќе од следните општини: Студеничани, Чашка, Радовиш, Конче, Неготино, Берово, Пехчево. Истото важи и за проектните активности поддржани од страна на други донатори.

6. Износ на грантот

Висината на предвидената финансиска поддршка од Фондот за микро-проекти на БИМ-ФВ изнесува 3,400.00 Евра за еден проект по една општина. Доколку еден проект опфаќа повеќе општини, тогаш сумата се зголемува пропорционално. На пр: Грант за предлог проект кој опфаќа две општини ќе изнесува 6.800 Евра.

 

7. Кофинасирање

БИМ-ФВ ќе обезбеди финансиска поддршка на предлог-проект кој е делумно финасиран од страна на друг донатор. Во ваков случај, кандидатот е должен да обезбеди писмена потврда за финасиската поддршка од другиот донатор. Во спротивно, предлог-проектот ќе биде одбиен.

БИМ-ФВ ќе потпише посебен Меморандум за соработка со другите донатори. БИМ-ФВ притоа го задржува правото да го набљудува спроведувањето и на оние делови од проектот кои се финансиски поддржани од други донатори.

8. Распределба на финансиските средства кои се бараат

Фондот за микро-проекти на БИМ-ФВ нема да поддржи предлог-проекти во кои буџетот за комунални давачки (закупнина, вода, струја и сл.) изнесува повеќе од 10% од вкупно побараната сума или буџетот за персонални давачки (плати, хонорари и сл.) изнесува повеќе од 30% од вкупно побараната сума. Минимум 50% од вкупно побараната сума мора да бидат наменети за проектни активности кои директно или индиректно се насочени кон остварување на целите и приоритетите на програмата.

 

 

IV. ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ - ПРОЕКТ

ЧЕКОР 1

Кандидатите се должни да подготват предлог-проект во кој ќе дадат детален опис на проектот кој планираат да го спроведат. Предлог-проектот мора да биде поднесен во стандардна форма која може да се добијат од вработените во БИМ-ФВ Скопје (е-маил: [email protected], или [email protected]). Кандидатите се должни да се придржуваат до пропишаната форма и предлог-проектот да го пополнат согласно Упатствата на БИМ-ФВ за поднесување на предлог-проекти. Предлог-проектот може да се поднесе на англиски, македонски и/или албански јазик. Албанската верзија мора да биде проследена со соодветен превод на македонски јазик. Предлог-проектот мора да биде прецизен и да содржи доволно детални информации (опис на проектот, цели, клучни активности, временска рамка, буџет и сл.). Рачно напишани предлог-проекти нема да бидат земени во разгледување. Тимот на БИМ-ФВ им стои на располагање на кандидатите за било какви консултации во текот на изработката на предлог-проектот, но не подоцна од 15 дена од крајниот рок за поднесување на истиот. Прашањата можат да се достават било по телефон или електронска пошта.

 

Буџетот на предлог-проектот мора да биде расчленет по специфични буџетски линии за секоја предвидена активност одделно (нпр. персонал, активности, административни трошоци и сл.) и да се поднесе во пропишаната стандардна форма на БИМ-ФВ која е составен дел на предлог-проектот. Буџетот мора да биде изразен во Евра и да содржи јасен преглед на средствата добиени од други донатори.

 

ЧЕКОР 2

Предлог-проектот и буџетот мора да бидат испратени најдоцна до 24.06.2012 год. во 17.00 часот на следнава адреса:

 

Институт за човекови права „Лудвиг Болцман„

Ул. Вељко Влаховиќ, бр. 1а-1/4,

1000 Скопје, Македонија

 

или

 

Електронска пошта: [email protected] и [email protected].

 

Предлог-проектите примени по истекот на крајниот рок автоматски ќе бидат одбиени.

 

ЧЕКОР 3

Поднесените предлог-проекти ќе бидат разгледани и оценети од страна на Советодавниот одбор на проектот „Социјална инклузија и човекови права во Македонија„. Успешните организации ќе бидат известени за одлуката не подоцна од 02.07.2012 год.

ЧЕКОР 4

Селектираните организации ќе бидат контактирани од страна на БИМ-ФВ заради потпишување на договорот за грант во периодот од 02.07.2012 до 06.07.2012 год.

Повикот за доставување на предлог-проекти може да го симнете ТУКА

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии