Насловна Актуелно Вести Искажување на задоволство од страна на Американскиот Амбасадор Г-н Пол Д. Волерс

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Искажување на задоволство од страна на Американскиот Амбасадор Г-н Пол Д. Волерс

Неодамна во просториите на Општина Берово Градоначалникот Драги Наџински оствари работна средба со Американскиот Амбасадор во Република Македонија Пол Д. Волерс.

На средбата беше разговарано за политичката состојба во Р.М., за економската состојба во Општина Берово, за сите досега реализирани проекти преку УСАИД програмата, како и за стратешките приоритети кои Локалната Самоуправа на чело со Градоначалникот Драги Наџински, ги има поставени за во иднина да се развива Општината.

 

Од страна на амбасадорот беше упатена покана нашиот Градоначалник да ја посети Амбасадата на САД во Р.М., на што Градоначалникот се согласи да биде реализирана во блиска иднина, кога воедно и ќе бидат поднесени и проектите од страна на Општина Берово кои финансиски ќе бидат поддржани од страна на Американската Амбасада во Р.М.

Во контекст на средбата, веднаш по заминувањето на Амбасадорот, до Општина Берово стигна писмо, лично од Американскиот Амбасадор Пол Д. Волерс упатено до Градоначалникот Драги Наџински во кое го искажува своето лично задоволство од нивната средба и уживањето во нивната отворена дискусија за важните прашања кои се од интерес за Република Македонија. Во истото, Американскиот Амбасадор се изјаснува дека со нетрпение ја очекува нивната повторна средба, без разлика на тоа дали ќе биде во Скопје во просториите на Американската амбасада или пак ќе биде во Берово, во просториите на Општината.

Гореспоменатото секако можете да го видите на сликите кои се во прилог на овој текст, каде едната е од писмото на Американскиот амбасадор, а другата слика е од преводот на истото.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии