Туризам
Туристите привлечени од традицијата
Алтернативниот туризам е основата врз која менаџерите од хотелот „Манастир“ ги промовираат убавините на малешевскиот крај, кој ги освојува и домашните и странските туристи. Во текот на шестгодишното постоење во овој хотелски комплекс престојувале туристи од цела Европа, Кина, Австралија, а во последно време и домашните туристи се заинтересирани за алтернативниот туризам исполнет со голем број авантури низ малешевскиот крај.
Од кога постои комплексот „Манастир“ и дали од самиот почеток бевте водени од идејата да го развивате алтернативниот туризам?
Аурора гради хотелски комплекс
“Аурора” го промовира Берово како воздушен коридор на Балканот
Јавање коњи по Брегалница, сафари со џипови, пловење по бистрите езерски води и запознавање со локалната традиција е дел од проектот “Берово - воздушен Коридор на Балканот” на туристичката агенција Аурора од Скопје.
Магдалена Михајлоска
Во Аурора велат дека се одлучиле да го комерцијализираат овој дел од Македонија заради одличните можности за еко туризам.
“Низ Берово минува кислороден коридор, односно има максимална презаситеност на воздухот со кислород. Вакви места се реткост во светот, бидејки се сметаат за природни феномени”, вели Роза Сирачевска, сопственик и менаџер во туристичката агенција Аурора.
Форум за алтернативен туризам
[Традиционални Производи]Малешевската приказна патоказ за успешен алтернативен туризам
Source:Gestalt Solutions(2009-11-15)
Затскриено во падините на Малешевските планини, Берово и околината викендов беше домаќин на десетици гости, решени токму од таму да го започнат развојот на алтернативниот туризам во земјава. Иницијатор на идејата е Асоцијацијата за балканскиот алтернативен туризам - Балканија во која покрај Македонија, членуваат Бугарија, Србија, Грција, Албанија, Косово, Црна Гора, БиХ и Италија. Балканија викендов за прв пат организираше Форум за алтернативен туризам, во рамки на кој Берово е одбрано како почетна дестинација од Македонија, токму поради одличните предуслови за развој на ваквиот тип туризам.
Форум за алтернативен туризам
Oдржан првиот балкански форум за алтернативниот туризамСкопје, 16 ноември (МИА) - Соработка и вмрежување на туристичките субјекти од Балканот за создавање автентичен балкански туристички производ, е заклучокот од првиот балкански форум за алтернативен туризам што викендов се одржа во Скопје и во Берово.
- Балканските земји, Македонија, Бугарија, Косово, Албанија, Црна Гора, БиХ, Србија, имаат силен потенцијал за развој на алтернативниот туризам - природно и културно наследство и традиција.
Беровско езеро
Беровско езеро - место за душевен мир
Извор: www.patuvajna.info
Доколку сакате да избегате од градската врева, стресното секојдневие, сообраќајниот метеж, и барем за кратко да им се вратите на мирот, спокојството и природата кои во Македонија ги има во избилство, испланирајте викенд на Беровско езеро.Берово е сместено во Малешевијата, на крајниот источен дел на Македонија, на двата брега на реката Брегалница. Според една од легендите градот Берово името го добил кога луѓето од околните села и населби почнале да се ‘берат’ во Малешевската котлина.
Ревизија на финансиското работење на општина Берово
*Јавно претпријатие за комунални работи „Услуга“ Берово

Туризам








